Бугарските членови на комисијата никогаш експлицитно не побарале Гоце Делчев да биде изваден од македонската химна но од контекстот на сите досегашни разговори треба да се очекува дека во текот на преговорите со ЕУ Бугарија ќе бара апостолот на македонската револуционерна борба да не биде дел од ,,Денес над Македонија се раѓа”, пишува порталот „Експрес“.

Ова го тврди член на мешовитата Комисија за историја и образование кој инсистира на анонимност но најавува дека во комисијата наскоро ќе се случуваат турбуленции поради Бугарските барања содржани во Францускиот предлог.

,,Проблемот со Делчев е што ако за книгите, учебниците па дури и спомениците може да се преговара за некаков реципроцитет но за Гоце нема простор за реципроцитет. Бугарија не може да извади никого од својата химна или да ја менува, ниту Македонија тоа би го барала. Ако дојде и до најава за ситуација во која ќе се бара да ја менуваме химната или да го вадиме Гоце од химната, јас а мислам и другите мои колеги ќе ја напуштат комисијата. Исто важи и во ситуација на неразумни барања поврзани за историските личности, учебници или споменици, вели за expres.mk членот на комисијата кој бара рационалност базирана на реалност, а не на лажни надежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.