Бујар Османи во својство на Министерството за надворешни работи на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека на прес-конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.

Ова е и кршење на рамнловниот договор и Уставот на државата.

Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата?

Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди?

Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачаа дека очекуваат реакција и од владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.