Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница.

Вака за „Алфа“ сведочи таткото на момчето, Благој Индов, по одлуката на ФЗОМ да го одбие барањето за лекување во странство, затоа што Леонид бил „на рехабилитација, а не на лекување во Виена“.

Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.

Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.

Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа, вели таткото.

Јавноста, која во моментот собира пари за оздравувањето на Леонид, не отстапува од барањето Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена, давајќи целосна поддршка на семејството Индови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.