Владата на Народна Република Кина за учебната  2022/2023 година доделува четири стипендии за  додипломски  (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации – една стипендија од Владата на НР Кина и три унилатерални стипендии.

Пријавувањето е онлајн на http//en.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, а рокот е 10 февруари 2022.

Во Конкурсот кој го објави Министерството за образование и наука се содржани информации за потребните документи и условите за аплицирање, како и контакти за повеќе детали за стипендирањето.

Кандидатите ќе ги избере Амбасадата на НР Кина во Скопје, а тие што ќе бидат прифатени ќе ги почнат студиите од септември годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.