Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.
Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение – Велигден, македонското друштво „Илинден”-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.
Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден” Вам, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскресението Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас, се вели во честитката од МД „Илинден” потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје, спокој и благосостојба.
Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.
Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец.
Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.