По повод Христовото раѓање- Божик, македонското друштво „Илинден”- Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан.
Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, се вели во честитката од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.
Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот.
Посакуваме, се додава понатаму, и оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош.
Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди, стои во честитката на македонското друштво ” Илинден”-Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.