Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април денеска упати честитка до припадниците на ромската заедница во земјава.
Ми претставува чест и задоволство од име на пратениците во Собранието на Република Македонија и од свое лично име да Ви го честитам овој важен ден за ромската заедница, полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, 51-година од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 21 година од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Македонија, вели Џафери во во честитката.
Џафери во честитката посочува дека ова се значајни датуми за ромската заедница, но, позначајна е нивната интеграција, нивниот придонес во сите промени, како и тоа колку општеството беше отворено за оваа заедница.
Нашето мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко општество не е целосно и комплетирано доколку Вашата силна и исто толку широка душа не би го збогатувала секојдневието со својата живост и во најтешките времиња. Затоа што едно е сигурно, промените, добрите или лошите влијанија, не ве заобиколуваат туку напротив, оставаат трајни белези и врз Вас како и врз секој друг граѓанин на Република Македонија, напиша Џафери.
Претседателот на Собранието порача оваа година да биде година на промени кон подобро за сите граѓани.
Нека оваа година биде година на промени кон подобро за сите граѓани на Република Македонија, нека биде година во која ромската заедница и самата ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе, за своите деца. Наша обврска како држава и државни институции и народни избраници е да бидеме до Вас во секој чекор напред. Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!, се наведува во честитката од Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.