Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Република Македонија.

На овој ден во 1905 година бил издаден декрет со којшто во рамките на Отоманската Империја била призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, своја култура и со свој идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и богата историја на влашкиот народ, што сведочи и за големиот придонес на Власите во борбата за слободна и независна македонска држава. Денес, припадниците на влашката заедница во Македонија го остваруваат правото на граѓанско и на политичко организирање, уживајќи ги сите права како и другите етнички заедници. Власите активно придонесуваат во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење. Обврска на Република Македонија е да продолжи да го чува, развива и да го промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности. Нека е честит 23 Мај – Националниот ден на Власите, се наведува во честитката од претседателот Стево Пендаровски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.