По повод 18. Август Денот на Армијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до сите кои служат со чест, храброст и непоколеблива посветеност.

Вашата професионалност и подготвеност секогаш да одговорите на предизвиците е инспиративна. Секојдневно вложувајќи се со храброст, пожртвуваност и лојалност, вашите придонеси не остануваат незабележани. Вие сте пример за тоа што значи вистинска љубов кон татковината. Верувам во вас и се гордеам со вас. Продолжете да бидете штит на безбедноста и стабилноста на Македонија, нагласува министерот Мисајловски во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.