Голем облак од чад надвисна над Свети Николе поради големите пожари кои беснеат во целиот регион околу градот. Според последните информации, активни пожари со голем замав моментално има во светиниколските села Строиманци, Горно Ѓуганце и Ерџелија, предупредуваат жителите од светиниколскиот регион.
Тие апелираат дека е потребна механизација кај Градиште, а моментално пламените јазици се на Говедар камен и во атарот на селото Строиманци!
Секој што сака да помогне нека се упати во ТППЕ Свети Николе. Потребни се вода, млеко, јогурт, храна во поголеми количини, бидејќи на терен се ТППЕ, ДПД , ДЗС, волонтери, армијата, стои во апелот!
Има информација за запалени куќи во селото Горно Ѓуганце. Граѓаните предупредуваат дека пожарот оди и кон селото Ранченци, каде може да настрада и стариот манастир Света Недела.
Претходно директорот на Центарот за управување Стојанче Ангелов извести дека фронтот на огнот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност, известува
На терен работат пожарникари а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер трактори на ДЗС, соопшти тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.