На денешната седница на Централниот одбор на зелената партија ДОМ беа утврдени предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ, за кои ќе се одлучува на Петтиот конгрес на ДОМ.
Централниот одбор на ДОМ ја утврди актуелната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин како единствен предлог за претседател на партијата.
Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.
„На 16.10.2022 Централниот одбор на ДОМ донесе одлука за одржување на Петтиот конгрес на ДОМ, на 27.11.2022. На 18.10.2022 ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот“, е наведено во соопштението од оваа партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.