Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во обраќањето на митинг му заблагодари на Али Ахмети за довербата што ми ја дал да биде координатор на ДУИ во Чаир.
Секој жител на Чаир ја почувствувал топлата рака на Али Ахмети, инвестираше во образованието, формирање на кадри кои не прават горди, затоа му благодариме. Активистите од Чаир се лојални на вашите политики, мисии и визионерски политики. Али Ахмети не се грижи за насловите на весниците туку за судбината на Албанците денес и утре, рече Османи.
Посочи дека самото присуство на Ахмети во саботата во Охрид му дало тежина на настанот.
Али Ахмети ги обединува Албанците, како што ги обедини во 2001 година за потпишување на Охридскиот договор, а сега ги обединува Албанците на фронтот за Европа. Денес луѓето сакаат европски живот, со европски стандарди и добра, со високи плати и супермодерни институции, истакна Османи.
Претседателот на Собранието Талат Џафери од собирот во Чаир порача дека ДУИ не се занимава со муабети, туку ги спроведува итните барања на граѓаните.
Мисијата што ја презедовме ќе ја извршиме до крај, бидејќи не се занимаваме со клевети и празни зборови, туку реализираме и спроведуваме, рече Џафери.
Митингот во Чаир е прв голем собир на кој се обрати Ахмети, откако двете „завојувани“ страни на ДУИ половина година оддржуваат паралелни собири.
Пред три недели во Чаир митинг одржа и фракцијата во партијата „огнената група“ на кој беа критикувани министрите на ДУИ, а особено Груби.
Судирот во ДУИ се заостри особено откако Ахмети за координатор на чаирскиот огранок го назначи шефот на дипломатијата Бујар Османи, потег кој за „огнените“ е нестатутарен, бидејќи Изет Меџити е претседател на огранокот на Чаир. Тоа го толкуваат како партиска елиминација на „огнените“ и најава за слични чекори и кон другите „непослушни“ координатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.