Корумпираната владејачка партија под притисок од претстојниот пораз ги менува позициите на секои 5 минути, велат од албанскиот опозициски блок, коалицијата „Вреди“.

Али Ахмети и ДУИ пред неколку дена јавно се спротивставија на идејата за претседател Албанец на еден од телевизиските канали во Република Косово, каде што истакна дека е рано за такво нешто. Но, изненадувачки, по објавувањето на кандидатурата на кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Др. Арбен Таравари, брзо го сменија ставот. Тие го предложија Бујар Османи, со единствена причина да не дозволат да има само еден заеднички кандидат Албанец. Денеска сме тука, накратко да покажеме зошто Бујар Османи е едноставно курбан без бајрам на ДУИ на овие избори. Тој никогаш не може соодветно да ги претставува Албанците. Бујар Османи, почитувани граѓани, не може да се нарече кандидат кој ги застапува Албанците, бидејќи за негова срам е првиот и единствен Албанец со предмет во Специјалното обвинителство, каде што е обвинет за корупција, во случајот наречен Пациент. Пациентот Бујар Османи не може да победи против доктор Таравари, бидејќи Таравари ВРЕДИ, а Бујар лаже. Пациентот Бујар Османи не може да влее надеж кај Албанците, бидејќи ниту како министер за надворешни работи, ниту како претседавач со ОБСЕ, не виде можност ниту еднаш да излезе во одбрана на суверенитетот на Република Косово, ниту пак да ја посети. Напротив се радуваше и промовираше фотографии со Вучиќ. Пациентот Бујар Османи не може да има полна уста со Европа бидејќи тој беше првиот политичар на нашиот континент кој по руската агресија во Украина, ја отвори вратата и во Скопје ја пречека десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров. Што имаш да зборуваш за Европа кога и ја отвараш вратата на Русија? Пациентот Бујар Османи не може да бара меѓународен ветинг, затоа што мора прво да почне од себеси и од пријателите, бидејќи општо познато е дека тој и неговата партија влегоа со двете нозе во судството, одат и до таму што инсистираат по секоја цена амнестија и враќање на Никола Груевски како народен херој во РСМ. По неколку месеци од нашето јавно прашање, до ден денес немаме одговор, пациентот Бујар Османи, дали официјално или приватно се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта? Пациентот Бујар Османи не може да зборува и да ги злоупотребува стратешките сојузници, затоа што треба само да ги анализирате фотографиите од неговиот промотивен митинг во скромната сала Кале, каде што беше опкружен со политичари на американската црна листа, од насилници на М-НАВ, од Артан Груби – кралот на казината и партнер на српското подземје, од експоненти на ДУИ блиски до Дака Давидовиќ, од Дрин Ахмети – најмладиот милионер инвеститор и сопственик на СОРАВИА, од Перпарим Бајрами – извршител на највалканите бизниси и десна рака на Артан Груб, кој ќе биде запаметен по тоа што ги внесе онлајн казината во секој дом. Со овие луѓе од црни списоци и црни злосторства, овој ли ќе ни кажува за Америка и Европа? Пациенту, Америка не поддржува криминал и корупција, не се надевај напразно, реагираат од „Вреди“.

Додаваат дека во наредниот период ќе ги откријат сите коруптивни афери и злоупотреби на „пациентот Бујар Османи“ на функциите што ги водел, а такви скандали имало на сите функции што ги извршувал.

ВРЕДИ да се разоткријат овие личности кои НЕ ВРЕДАТ!

ПРОМЕНАТА ДОАЃА затоа што ПРОМЕНАТА ВРЕДИ!, велат од коалицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.