Репортерот на БГНЕС го коментира рекламниот спот на СДСМ за претстојните парламентарни избори и вели дека Бугарија е претставена како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија /СДСМ/ повторно користи примитивна антибугарска пропаганда во својата изборна кампања, пишува бугарски БГНЕС.
Репортерот на БГНЕС го коментира рекламниот спот на СДСМ за претстојните парламентарни избори и вели дека Бугарија е претставена како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции.
„Во спотот кој претставува фудбалски натпревар, Софија и Скопје се претставени како жестоки противници. Играчот облечен во бугарските бои го влече македонскиот напаѓач за дрес. Претставени се и грчки и француски „одбранбени играчи“ кои го спречуваат македонскиот фудбалер да постигне гол“, пишува БКНЕС.
Во спотот кој се емитува на македонските телевизии Ковачевски кој шутира во празен гол вели:
„Иднината на Македонија не е игра. Секој предизвик што го надминуваме не приближува до нашата цел. Само СДСМ има јасна визија и сила да ја однесе Македонија во Европската Унија. Заедно ќе победиме. Нема откажување од иднината!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.