Бугарскиот државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домени од Македонската академска истражувачка мрежа- МАРнет, дознава „Република“

Конкретно се работи за закупени домени со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.

Еден од нив е и домејнот „музејтеракота.мк“. Овој музеј од Виница има само Фејсбук страница но не и интернет страница.

Ваква, и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живее во Плевен.

„Република“ се обрати до Василев и го праша поради кои причини ги закупил овие домени, но не добивме одговор.

Мора да се напомене дека закупот на вакви домени не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп.

Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок.

Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор.

ШТО Е МАРнет

Македонска академска истражувачка мрежа или МАРНет  е организација основана во 1995 година Во мрежниот информациски центар на МАРНет е регистриран врвниот домен за Македонија, доменот .mk.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.