Бугарскиот активист Виктор Стојанов коментирајќи ја најавата на претседателот Стево Пендаровски дека нема да се дозволат провокации на 4 февруари кога се одбележува роденденот на Гоце Делчев објави дека организира автобуски превоз од Софија до Скопје па дури и јавно го објави неговиот мобилен телефон за сите заинтересирани да му се јават.
Претседателот на Македонија Пендаровски денеска пред Советот за национална безбедност на Република Македонија изјави дека „не смеело да им се дозволи на луѓето од Бугарија да ја преминат границата за да одат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев“. Можам да ви кажам на сите – планирајте во сабота на 4 февруари да бидеме сите во Скопје и да се поклониме на гробот на бугарскиот национален револуционер Гоце Делчев!!! Оваа изјава на Пендаровски ги уништува нашите билатерални односи и е повеќе од непријателска кон Бугарија и Бугарите – ќе ни забранеше да се поклониме на гробот на Гоце на неговиот роденден!!! Имаме договорено превоз кој нема превоз и сака да дојде пиши ми или јави се на +359899384100. Во сабота на 4 февруари пред гробот на Гоце мора да бидеме илјадници Бугари!, вели Бугаринот во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.