ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори бидејќи има национален интерес, а тоа е дека 80 проценти од граѓаните мислат дека Македонија оди во погрешна насока и во таква ситуација треба да се види каде одат партиите, да се види какви се стратегиите на партиите, рече Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител. Тој укажа дека има консензус за ЕУ, но треба да се види внатре каде оди Македонија.
Коментирајќи ги информациите за проширување на Владата, Клековски вели дека со тргување може да се опстане на краток рок и оти тоа за него е губење време.
Според него Македонија е шампион во малцински права, нема подобра правна рамка која ги штити малцинските права, дури и оние кои не се во Уставот.
Бугарите имаат шанса да ги бараат правата, ама нив не ги интересираат правата. Ние сме во голема заблуда ако мислиме дека ќе заврши тука со ставање на Бугарите во Уставот, кажа Клековски.
Клековски се осврна и на иницијативата која денес ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ или предлог закон за амнестија на 27 април посочувајќи дека причината е што случајот е политички и затоа потребна е ревизија и оти Врховниот суд не постапува па со ова да забрза дискусијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.