И на изборите во 2006 година имаше еден феномен, кој му се случува на СДСМ. Тогаш се појави НСДП, сега Максим Димитриевски со Знам, кој има и подобар резултатот“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ, пренесува „Слободен печат“.

Тој додаде дека според неговата проценка и искуството со НСДП на Тито Петковски, очекувал околу 50 до 60 илјади гласови за Максим Димитриевски и кажа дека неговиот резултат е изненадувачки.

Поранешниот премиер кажа дека ДУИ оствариле одличен резултат на претседателските избори со Бујар Османи, во една неизвесна трка помеѓу албанските партии.

„Многумина не веруваа дека ДУИ може да направи ваква разлика, имајќи предвид каква атмосфера беше создадена. Но со вештонаправените коалиции, да не го заборавиме и Села, само во Гостивар не победија, а разликата е неколку стотина гласови. Секаде победи ДУИ“ рече Бучковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.