Поранешниот премиер Владо Бучковски, кој беше и специјален претставник за Бугарија, во изјава за неделникот Фокус вели дека шансите за избори наесен се минимални, но, како што нагласува тој, се очекува во есента следната 2023 година ВМРО-ДПМНЕ да ја смени плочата пред отпочнувањето на процедурата за уставни измени.

-Овој парламентарен состав на заминување ќе ги направи измените на Уставот. Би било рационално ВМРО-ДПМНЕ пред изборите да си отвори простор за соработка со партиите на Албанците, но и да се претстави на меѓународниот фактор како одговорна, прозападна партија, која претендира да биде сериозна алтернатива на сегашната владејачка коалиција – вели Бучковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.