Дадов се од себе да не замре дијалогот меѓу Скопје и Софија, вели за МИА досегашниот специјален претставник на Владата на Република Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.
Тој е разрешен на седница на Владата. Се надева дека со неговиот ангажман дал и свој придонес кој ќе биде од значење при скорешното продолжување на дијалогот помеѓу двете влади и двајцата нови премиери.
„Еден мој пријател од Софија, често ми велеше „ти си тука чуварот на огнот, не дозволуваш да се угаси… огнот кој ја подгрева надежта дека Бугарија и Македонија можат и ќе бидат, час поскоро, вистински пријатели и сојузници“, истакна Бучковски.
Од Владата му благодарат на Бучковски за сите напори со кои придонесе кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија.
Инаку, источниот сосед засега е со иста позиција кон Македонија, и ветото останува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.