Основното јавно обвинителство Скопје, по закон, не може да постапува по предмети за јавни набавки, туку таа надлежност ја има ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, вели шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.
Прашан во врска со случајот со јавната набавка за избор на консултант, односно надзор на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ и конкретно за инструментот „допрен глас“, кој често се споменува во јавноста, Бубевски појаснува дека тоа е еден од трите инструменти што обвинителите ги имаат на располагање за започнување на постапка, но и дека тој се користи само доколку институциите претходно затаиле.
Инструментот на допрен глас во ОЈО Скопје го користиме во ситуација кога гледаме дека институциите на откривање на кривичното дело претходно затаиле и само во тој случај јавното обвинителство почнува да постапува по допрен глас. Доколку другите институции што имаат откривачка функција го работат предметот и дојдат до соодветни сознанија, ќе изготват кривична пријава и потоа постапуваме по тоа, вели Бубевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.