Лоша е лекарската проценка дека немало видливи траги на насилство на телото на ракометарот Денис Тот. Во рок од 24 часа обезбедни се скоро сите докази за настанот. Сега имаме седум дена од настанот и постапката има свој тек и осомничени лица кои се во притвор и против нив постапката е за кривично дело убиство. Ако се приберат други докази во однос како настапила смртта, ќе бидете известени, вели обвинителот Гаврил Бубевски за случајот „Тот“ во јавување во емисијата „24 анализа“.

Според него, проценката на докторите во КАРИЛ се први индикации дека нешто се случило.

Не може лошата лекарска проценка на нас да ни даде индикација да постапуваме. Нас МВР ни дава известување дека има индиции за кривично-правен настан. Не постапуваме по однос на известување од Клинички центар. По мое видување е лоша проценка, но тоа не значи дека има одговорност кај нив. Не ги виделе повредите на главата, си постапувале медицински за да го излекуваат лицето. Се покажа дека е лоша проценка, додаде обвинителот после првичната изјава од болницата дека немало видливи траги на насилство кај Тот, рече Бубевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.