Бројот на разводи од ден на ден бележи пораст. Само во Судот во Кичево во последните 75 дена се поднесени околу 33 барања за развод. Но, жените се тие кои најмногу претрпуваат од финансиски аспект. Има случаи кога жените по разделбата со сопругот остануваат на улица. Од призма на законските права, на оваа тема поразговаравме со претседателката на кичевскиот суд, Амдије Зенку, која објасни како оди процесот на поделба на имотот во случај на развод. Она што малкумина го знаат е дека за жените кои се разведуваат, а немаат примања, законската постапка при развод е бесплатна.

„1.Секој создаден или стекнат имот во време кога двојката била заедно, се дели пропорционално исто, додека наследениот имот не се дели, без разлика дали брачната двојка има или нема деца.
2. Децата по разводот му припаднуваат на родителот кој има повеќе услови и приходи, а алиментација добива родителот кој се грижи за детето.
3.По разводот, алиментација на неопределено време ѝ следува и на жена која не е работоспособна и не работи, но доколку жената е способна, работи или работела, тогаш нема право на алиментација“.

Разведените жените кои немаат никакви примања, единствена надеж гледаат во Социјалните центри од кои бараат социјални станови, кои пак социјалните центри не ги поседуваат, со оглед на тоа дека се даваат по посебни критериуми од Министерството за транспорт и врски.

Социјалната работничка, Драгица Наумовска вели дека има многу случаи со необразовани жени кои зависеле од сопругот. Тие по разводот се чувствуваат изгубено, вели Драгица.

Наумовска вели дека разделбата полесно ја надминуваат жените кои се економски независни и додава дека има малку државни ресурси за укажување помош на вакви категории разведени жени. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека во земјата, но и во ЕУ – во сиромаштија живеат повеќе жените отколку мажите. Во 2020 имало помалку разводи во споредба со 2019-та. Иако, статистиките сѐ уште не се објавени, информациите кои ги добиваме на терен велат дека во 2021 бројот на разводи бележи значителен пораст.

Извор: ТВ 21


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.