Заробеното обвинителство уште еднаш се става во одбрана на криминалот на Зоран Заев и не отвора истрага за него и за Кирацовски и Стефан Богоев за 350.000 евра кои ги земале како рекет за кои потврди и самиот Бојан Јовановски, велат д ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски пред целата јавност потврди дека Заев, Кирацовски и Стефан Богоев во 2017 година земале 350.000 евра за незаконско финансирање на партијата за локалните избори, а од обвинителството молк.

Слушнавме како истите тие пари се изрекетирани од коалиционен партер на СДСМ со цел тој да добие атрактивни локации за градење во општина Карпош додека Богоев беше градоначалник.

Слушнавме и како се рекетирале други бизнисмени за проектот „Меѓународен сојуз“ пари кои очигледно е дека завршиле во кланот Заев и за кои нема никаква постапка.

Слушнавме и дека се што се правело било со знаење и амин лично на Зоран Заев додека истиот беше премиер.

Уште еднаш се потврди дека Зоран заев е главата на октоподот, а сите други како Кирацовски и Богоев биле само пипците кои му помагале при рекетирањето.

Нормално обвинителство веднаш на распит ќе ја повикаше оваа „златна криминална тројка“ на чело со Зоран Заев, но ова обвинителство кое се уште е во канџите на СДСМ и на Заеви одлучува да го штити криминалот.

Тоа што обвинителството и судството не реагираат само фрла сомнеж дека истите тие матни зделки, рекетирања и криминали СДСМ се уште ги спроведува.

Обвинителството и судството треба да се одважат, да излезат канџите на Заев и конечно да почнат да ја спроведуваат правдата и да се борат против криминалот.

Порано или подоцна правдата ќе ги стигне сите кои што се огрешиле пред законите, одговорност мора да има и ќе има, потенцираат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.