Во 1961 година 71 отсто од населението во Македонија биле Македонци, 13% Албанци, 9% Турци, а 7 отсто од населението биле припадници на, како што пишува во тогашните документи, други народности од словенско и несловенско потекло од југословенските и нејугословенските народи и народности, пишува МКД.мк.

Според овие текстови, од тие 7 отсто, 42.000 биле Срби, 11.000 Хрвати, Црногорци и Словенци, 3.000 муслимани (по етничка припадност), 20.000 Роми (тогаш „Цигани“) и други, главно Бугари, Руси, Унгарци и Романци, пишува во текстот „Некои демографски карактеристики на бугарското население во СР Македонија во 1961 и 1971 година“, од Блага Белчева, тогашен демограф во Заводот за статистика.

Според текстот, во 1961 во структурата на населението на Македонија, Бугарите не учествувале ниту со еден процент и затоа податоците за нив се искажуваат во групата „останати народности“.

Во 1948 година во Македонија биле регистрирани 889 Бугари, во 1953 – 920, а во 1961 – 3.087.

Во 1948 од 889 Бугари, 563 биле жени. Според пописот од 1953 година, од вкупниот број Бугари 520 биле жени, а во 1961 од 3.087 лица 1.713 се жени. Тоа значи дека во повоените години се доселувале повеќе машки лица отколку женски, заклучиле статистичарите од тој период.

Целиот текст тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.