Кејт Брнз, американската амбасадорка во Скопје денеска на конференција пред судиите изјави дека македонските граѓани немаат доверба во судството. Повикувајќи се на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството, таа изјави дека е неопходно да се врати довербата кај граѓаните да видат дека системот функционира.

Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на ‘Еуротинк’ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија, рече Брнз на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје.

Според неа, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите доколку сака да ја врати довербата на граѓаните.

Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата, вели Брнз.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.