Браќата на Филипче и Заев се партнери во бизнис, по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
1.5 мегавати е соларната централа која Никола Филипче, брат на Венко и Вице Заев, брат на Зоран ја направиле во Дојран.
За да ја направат соларната централа браќата на Филипче и Заев требале да го пренаменат и земјиштето, како и да добијат одобрение за градба потоа, сетоа тоа го завршиле во законски минимални рокови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека кога се работело за Филипче и Заев институциите водени од нив трчале низ процедурите.
Овој бизнис на браќата на Филипче и Заев е тежок четврт милион евра годишно. За да го остварат овој бизнис тие неколку пати требало да добијат позитивни мислења од државните органи со кои управувале нивните браќа.
И Филипче и Заев и нивните семејства се богателе додека биле на власт, затоа велиме дека оставиле ограбена држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.