Почнаа овие од СДСМ да вадат слики како имале повеќе луѓе од вмро во 2016-та, пишува инфлуенсерот Божидар Божиновски во својот Фејсбук статус.

И може имале. Само што сега сме 2022-ра и го вративте самите вмро. Самите станавте вмро. Самите станавте свои најголеми душмани, алчноста и ароганцијата уште долго скапо ќе ја плаќате. Самите се уништивте. Да е жално, не е. Жално е само 5 години што и потрошивте на државата, за да станете она што демек го мразевте – Груевски. А вие никогаш немавте проблем со Груевски, немавте проблем со корупција, криминал, партиски вработувања, гушење на слобода на говор. Имавте проблем што други го прават, а не вие – коментира еден од највлијателните фејсбук активисти во Македонија, Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.