Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски објави дека денеска во нивниот партиски клуб на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово била фрлена експлозивна направа, која предизвикала материјална штета. Засега нема информации за повредени луѓе.
На 21 октомври беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозори и е направена значителна штета. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и навремено да постапат, пишува Ибраимовски во соопштение до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.