Бојан Јовановски најдоцна за три дена ќе биде во топлиот дом.Ова следува откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на неговите бранители дека тој е со нарушено здравје и дека му е потребно лекување.

Oдлуката сѐ уште не е правосилна и тој најдоцна до петок ќе биде путшен од затвор

На Боки му е изваден желудникот и тој се наоѓаше во предканцерогена состојба. Подолго време беше во болницата „Св.Наум Охридски“ каде беше лекуван. Судот донесе одлука за прекин на казната што значи дека времето поминато на слобода нема да му се пресмета во казната од девет години за случајот „Рекет“.

Во затвор Јовановски поднесе и неколку кривични пријави за познати бизнисмени, обвинители, политичар но не е познато тие се прифатени од страна на Обвинителството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.