Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ зборуваше за СДСМ и дека таа партија е историска грешка во која тој учествувал како симпатизер на Шарената револуција.
–Никола Груевски забега во тој период кога се случуваше Шарената револуција, но потоа Зоран Заев забега по 100. Јас сум бил отсекогаш симпатизер на СДСМ, но СДСМ нема идеологија. Тоа е една секта која се убива меѓу себе и нема да постои по изборите како партија, вели Јовановски.
Тој тврди дека СДСМ во тој период имала многу полза од него и неговите врски во естрадниот свет.
Во моментот кога Заев го доби мандатот од Иванов, се официјализира Меѓународен сојуз, а јас станав претседател на таа организација. Имавме супер визија, но за жал и таму ме извозија, ме изманипулираа. Дозволив и огорчен сум, вели Боки 13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.