Доскорешниот директор на Царинската управа, кој беше и потпретседателот на партијата, Стефан Богоев преку слика која ја објави на социјалната мрежа ја опиша состојбата во неговата партија.

Оваа илустрација на средновековна битка насликана во манир на минијатури, јасно ја отсликува огромната тензичност која преовладува помеѓу различните струи во партијата.

Непосредно по изборите, на кои СДСМ изгуби катастрофално, а пред изборот на нов партиски лидер, Богоев порача:

Новиот претседател на СДСМ мора веднаш да почне со сеопшто обединување, особено генерациско!
Доста од муабети “млади сте, имате време” или “ај бе тој е стар, што бара сега” и “скопско, струмичко, прилепско” и не знам какво крило.
Обединувањето мора да оди со давање шанса на способни и лојални луѓе на сите нивоа, од раководство и ЦО, до општинска и месна, без разлика дали некој тие луѓе ги смета за “мои луѓе” или не! Кога членството ќе види такви луѓе на позиции, ќе се роди надеж и луѓето повторно ќе се вратат во партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.