Јас поминав цели 4 месеци со татко ми на Онкологија. Случајот во најмала рака е згрозувачки. Кој не бил, не знае што тоа значи, напиша на својот фејсбук-профил директорот на Царинската управа и потпретседател на СДСМ Стефан Богоев во врска со скандалот на Клиниката за онкологија.

Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна! Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај! Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците! За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело, пишува Богоев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.