Потпреседателот на СДСМ Стефан Богоев во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека нема бугаризација, јазикот е потврден а историјата не ни е украдена.
Ако прашаме некој дипломат или претставник на било која држава во Македонија на кој јазик Стефан и Љубиша збореа во дебатната емисија на ТВ21 во понеделник сабајле, ќе ви речат дека зборуваме на македонски јазик. Каде е бугаризацијата? Јазикот се потврди. Кој дел од историјата ние чувствуваме дека ни е украден или ни го нема за разлика од пред месец и половина кога се правеше хистеријата“, прашува Стефан Богоев.
Богоев прашува што се сменило суштински во насока на бугаризација од тогаш до ден денешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.