Во акција на МВР вчера е приведен Боро Стојчев – Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, кој веќе беше во затвор за шверц на цигари. Тој беше осуден на 18 месеци затвор, а излезе за половина година поради намалување на казната.

Дека Боро Марлборо е миленик на СДСМ, говори и информацијата која деновиве ја пренесе порталот Експрес, а која пренесува дека директорот на македонската царина и потпретседател на СДСМ Стефан Богоев го
вработил во царината синот на криминалецот Боро Стојчев.
Нововработениот Перо Стојчев кој сега е советник за ризици во царина претходно од СДСМ доби лиценца за фабрика за медицинска марихуана.
Само четири години откако добил лиценца од владата на Заев, Перо Стојчев е вработен на конкурс за советник во секторот за истраги како самостоен советник и ќе зема над 1000 евра плата.
Перо Стојчев ја доби лиценцата за медицински канабис откако претходно татко му беше фатен во шверц по што мораше да си даде оставка.
Цели три години од мај 2020 година ниту една институција не се занимавала со можна корупција при издавање на лиценцата за одгледување медицинска марихуана која ја доби поранешниот осуден градоначалник на Ново Село Боро Стојчев.
Фирмата чиј управител е синот на поранешниот градоначалник на струмичко Ново Село Боро Стојчев, кој е осуден за шверц со цигари, лани во мај пред 4 години доби лиценца за одгледување канабис за медицински цели. Одлуката била донесена на владина седница во април 2020 година, а ја водел Зоран Заев.
Компанијата „Еко енерџи“ чиј управител е Перо Стојчев е регистрирана во април 2020, а сопственици се двајца македонски и еден бугарски државјанин.

Стојчев помладиот за Телевизија 24 лани потврди дека фирмата чиј управител е тој добила лиценца за одгледување канабис и вели дека во тоа нема ништо спорно.
Сомнежи за клиентелизам во овој случај изрази и ВМРО-ДПМНЕ, која ја обвини СДСМ дека во време на криза, доделува лиценци за вносен бизнис на фирми блиски до власта.
Управителот на „Еко енерџи“ Перо Стојчев тогаш изјави дека добивањето на лиценца за канабис не е никаква компензација на власта кон неговото семејство. Тој апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да не го злоупотребуваат името на семејството Стојчеви.
Поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев и членови на неговото потесно семејство беа осудени на затворски казни, откако беа фатени во шверц со цигари, на див премин на македонско-бугарската граница. Набргу потоа, Стојчев си даде оставка од градоначалничката функција.
Досега ниту една институција не го истражувала процесот во кој синот на осуден криминалец се стекнал со лиценца за медицински канабис



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.