Mинистерот Благој Бочварски им забрани на вработените во Министерството за транспорт и врски да ги носат в канцеларии електричните тротинети и да ги полнат на работа. Оваа е бонус мерка за штедење на електрична енергија со која се дополнуваат мерките што веќе ги донесе Владата.
На известувањето во просториите на петкатната зграда на Министерството за транспорт и врски, покрај досегашните е залепена и нова: „Забрането качување со лифт на веспи, велосипеди и електрични тротинети и нивно полнење во канцелариите“.
Така сега, од субвенционирани, тротинетите влегова во фаза да бидат „инкриминирани“, во случај, се разбира, да се прекршува донесената мерка.
Владата, како што објавивме, ги задолжи државните институции од 1 септември да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто во споредба со истиот месец лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.