Бизнисменот Силјан Мицевски кој почина на 23 декември беше вклучен во проектот на Бојан Јовановски, за изградата на домови за стари лица но тоа никогаш не се реализира. За случајот „Меѓународен сојуз“, Боки беше правосилно осуден, а случајот е на Апелација.

Во својот исказ пред Судот говореше дека имал голема доверба во Бојан Јовановски.

 Земјиштето во Битола, е во сопственост на фирмата, не е моја лична сопственост. Тоа го купив во јавен оглас. Комуналите беа платени. Јас сум убеден дека нереализирањето во Битола, е заради локалните власти, изјави пред три години Мицевски.

Тој се пожали и дека Владата во ниту еден момент не пружила помош за реализација на овој проект.

Од ветувањата дека Владата ќе направи нешто, немаше ништо. Ако е владин проектот требаше заеднички да го тераме. Договорот што го потпишавме не е реализиран, ниту се обезбедени документи, дозволи, ниту парите се вратени – велеше  Мицевски.

Мицевски се пожали дека ќе бара надомест на штета од 720.000 евра колку што дал за проектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.