Основачот на фирмата за чие непостоечко возило владата одобрила државна помош од над 42 милиони евра е избркан од бизнисмен близок на ДУИ.

Една година откако премиерот Димитар Ковачевски и Артан Груби помпезно ја најавија изградбата на германската фабрика „Некст е.ГО“, која требаше да произведува автомобили на електричен погон и да отвори 900 нови работни места во ТИРЗ Тетово, а ни од фабриката, ни од електричниот автомобил нема никаков знак. Затоа, како што открива „А1он“ дошло до промена во менаџментот на компанијата на која ѝ е одобрена огромна државна помош од СДСМ и ДУИ за производ кој го нема никаде.

„А1он“ го контактираше професорот Гинтер Шух поставувајќи му неколку прашања во однос на инвестицијата во Македонија, но тој ја одби поканата за интервју велејќи дека е исфрлен од компанијата која ја основал и дека не сака да зборува за „Некст е.ГО“.

Почитувани, јас бев исфрлен од „Некст е.ГО“ во мај 2021 година од страна на новиот инвеститор откако го обезбедив рестартот на производството по завршувањето на пандемијата. Не сакам да зборувам за „Некст е.ГО“засега. Простете.“, стои во одговорот до „А1он“ од професорот и д-р инженер Гинтер Шух од Ахен, Германија.

Целата сторија тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.