Општина Битола со празнични манифестации денеска го слави 4 ноември – Денот на ослободувањето на градот во 1944 година.
Според востановената традиција, претпладнево делегација на Општина Битола предводена од градоначалникот Тони Коњановски и гости од државата и странство ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, а потоа градоначалникот Коњановски ќе приреди прием во локалната самоуправа.
Напладне, во свечената сала на битолскиот Офицерски дом ќе се одржи „Музички маратон“ што ќе го приредат ученици од Државното музичко училиште, а вечерва на свечена академија ќе бидат доделени годишните награди и признанија на Општина Битола.
Како што е познато, добитник на наградата за животно дело е новинарот Димче Миновски, а ќе бидат доделени и годишни признанија на здруженија и поединци за постигнувања во струката. По завршувањето на свечената академија што ќе се одржи во НУ Народен театар, во фоајето ќе биде отворена фото изложба „Битола, некогаш и сега“ од авторот Петар Ставрев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.