Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.

Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Но сега ќе треба да видиме зошто и како тоа се случило. Чувството е непријатно, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега – рече потпретседателот на СДСМ во емисијата „Утрински брифинг“.

Денес ќе се донесе одлука дали генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зекири, ќе остане во 30 дневниот притвор кој му го одреди судот. Кривичниот совет ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за притворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.