Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, при посета на Битола изјави дека државата ги презела сите механизми што ги има в раце за спроведување на антикризните мерки.
Битиќи изјави дека во овој период е важна општествената одговорност на сите и без исклучок.
Државата ги презеде сите механизми што ги има в раце за спроведување на антикризните мерки. Инспекциските служби се обидуваат секаде да бидат каде што е тоа потребно. За жал на другата страна не секогаш има општествено одговорни претпријатија кои што општествено одговорно ќе се однесуваат, а тоа значи дали имаат залихи, а не ги пуштаат во оптек одредени производи. Тешко дека ќе можеме секаде да стасаме, но таму каде што имаме информација за одредени случаи, тогаш инспекциските служби соодветно реагираат – , изјави Битиќи
Тој вели дека во момент кога се соочуваме со ваква криза, граѓаните треба да бидат спокојни затоа што храна има за сите, а власта ќеконтролирала согласно антикризните мерки.
За жал оваа криза покажа дека како јавност треба да се освестиме и да произведуваме храна. Да бидеш сточар не е неблагодарна професија, туку напротив продуктите од сточарството се битни за сите и исто така да бидеш производител на пченка или пченица е благодарна работа и затоа за развојот на земјоделството треба долгорочно да се планира – посочи Битиќи.
На новинарско прашање поврзано со преговорите со СОНК кои продолжуваат вечерва, Битиќи кусо одговори дека од разговорите со СОНК очекува договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.