Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека основниот принцип членовите на новата влада предводена од СДСМ се чесноста и личниот интегритет на секој еден поединец.

Во новиот состав на владата има докажани но и нови лица, коишто ги имаат овие особини, чесност и личен интегритет, како и мотивација да променат, суштински да се зафатат со проблемите и да испорачаат резултати во интерес на граѓаните, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека секоја личност, во една организација, како што е владата носи нова енергија за промена и подобар резултат.

Промените во новата влада треба да ги гледаме како добра можност во наредните 2,5 години да се продолжи со испорака на резултати, ефикасност во владеењето и одговорност, нагласи потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.