Не е битен датумот на изборите, нашиот став како СДСМ е да бидат одвоени затоа што такви биле. Имаме некоја случајност во којашто претседателските се многу блиску до редовните парламентарни избори. Ние сметаме дека соодветно, еднаш засекогаш да имаме полн мандат на владата и полн мандат на претседателот, истакна Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во интервју за „Само интервју“ на Канал 5.

Тој даде дека слушал различни комбинаторики, од тоа да било помеѓу Рамазан Бајрам и Велигден.

Верувајте дека флоскулата „ќе се заштедат пари“ не е единствената причина којашто треба да ги води имањето на заеднички или одвоени избори. Ние никогаш не го ни зборуваме сценариото за уставна криза. Сценариото за уставна криза опозицијата ја наметна во вокабуларот во јавноста, веројатно правејќи одредено сценарио да претседателските бидат неуспешни. Тоа е реалност ако повика една одредена политичка партија на бојкот. Тоа е едно од сценаријата коишто се развиваат во одредени кулоари, секако не во СДСМ, затоа што ние се грижиме и сме докажале дека се грижиме за државата и државноста и интересите на граѓаните пред се. После секако политичка битка е политичка битка – потенцираше Битиќи.

Тој заклучи дека ставот е одвоени избори, но дека истовремено се спремни да седнат во работна група и ако се одлучи поинаку затоа што се знае дека ќе бидат редовни избори, ако се види дека поинаку треба да се договорат, СДСМ се отворени за преговарање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.