Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на  Македонија, Билјана Јовановска.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот коалициски партнер во Владата.

Јовановска треба да ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, одлука која поминала на седница на Управниот одбор на Фондот, но, таа треба да биде потврдена од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.