Пет месеци Ковачевски и Спасовски не се способни да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, но пред се на најмладите, односно учениците, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
5 месеци училишта, јавни како и приватни објекти се под речиси секојдневни закани за поставени бомби, а МВР предводено од Спасовски тапка во место и нема направено конкретно ништо за да ги спречат истите.
Додека трошат илјадници евра за пиар и лажно да претстават дека се е прекрасно, во реалноста се случува безбедносен хаос.
Речиси секој ден страв, исплашени и вознемирени ученици, просветни работници и родители.
Поминаа и повеќе од три месеци откако Оливер Спасовски изјави дека набрзо ќе заврши истрагата за дојавите за бомби и граѓаните ќе бидат известени, но не само што не е завршена истрагата, туку и дојавите се засилија, а МВР не може да ги спречи.Тоа само укажува дека МВР на чело со Спасовски не се способни ниту да откријат кој ја загрозува безбедноста, кој сее страв кај граѓаните, особено учениците, а уште помалку да ги спречат истите.Наместо да реагираат веднаш, дури сега по 5 месеци се сетија дека треба допрва да прават план, а 5 месеци ги преспа.
Заради неспособноста на владата на Ковачевски и МВР на Спасовски учениците изгубија премногу настава, одат на училиште во страв исто како што во страв одат вработените во објектите кои се цел на овие дојави за бомби.
Безбедноста на граѓаните не се гарантира со реклами на Фејсбук, туку со конкретни чекори. Ковачевски и Спасовски досега покажаа дека ниту се кадарни, ниту се способни да се справат со оваа ситуација, а заради нивната неспособност трпат граѓаните.
За доброто на граѓаните време е да си поднесат оставки, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.