Денеска одбележуваме 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирна, демократска и евроатлантска иднина на нашата држава, со еднакво учество на сите етнички заедници, напиша на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими.

Македонија, како што напиша Бесими, прерасна во единствена функционална мултиетничка демократија во регионот, земја за пример и рамноправен дел од меѓународната заедница.

Духот на Охридскиот рамковен договор е во согласност со современите европски вредности и претставува основа за остварување на правата на сите граѓани. Продолжуваме и понатаму заедно да работиме на неговото зачувување и имплементирање, напиша на ФБ Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.