По потпретседателот и пратеникот на Беса Аријанит Хоџа и Басри Бајрами, напуштање на партијата најави и портпаролот на партијата Фарук Авдиу.

Тој на својот фејсбук-профил напиша: „По новосоздадената ситуација и проценување на аргументите на двете страни, убеден сум дека Движењето Беса нема ниту идеја, ни визија за политичко организирање на Албанците надвор од Тетово. Затоа, не сакајќи да бидам дел од локалистичка структура, решив да го продолжам моето политичко патување со новата политичка формација што ја најави Аријанит Хоџа“.

Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето Беса и поранешен министер и пратеникот Басри Бајрами на 27 јули најавија дека ќе формираат нова политичка партија. Тие се незадоволни од последните преговори што ги води претседателот на Беса Билал Касами со Алтернатива и најавената нова партија на Изет Меџити.

Бајрами веќе го известил и претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе делува како независен пратеник кој ќе гласа за уставните измени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.