По Алијанса за Албанците (АА) и втората опозициска партија од албанскиот блок Беса излезе со услов за поддршка на уставните измени со кои Бугарите и други народи би се вметнале во Преамбулата од Уставот. Условот е терминот „20 проценти“ да се замени со „албански јазик“.

Тоа е еден од условите што кога ќе се отворат уставните промени ние ќе излезе со конкретни барања. Главното барање ќе биде ова, рече денеска на прес-конференција Арафат Шабани од Беса.

Тој рече дека очекува многу порационален пристап од македонска страна во однос на ова прашање со оглед дека свеста е зголемена и Македонците најдобро го разбираат овој проблем.

Мислам дека статусот на македонскиот јазик треба да се реши еднаш засекогаш, не само во Македонија, туку и надвор од Македонија. Исто и статусот на албанскиот јазик, бидејќи е многу понижувачки албанскиот јазик да се идентификува како ’20 проценти‘. Мислам дека тука има услови од сите членови на политичкиот фактор да се реши и од тоа да не се очекуваат политички поени, рече Шабани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.