Министерот за економија Крешник Бектеши се налути што при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“ и веднаш реагираше. На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите му упатиле прашање за легализација на медицинскиот канабис. Но, не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.

Новинар: Имав прашање до македонскиот министер…

Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.

Се чини дека министерот не знае што е нација, што е етничко потекло, а што народ, па остана навреден. Ова е втор сличен скандал од неговата посета на Албанија, откако вчера беше пречекан само со албански знамиња:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.