Министерот за економија Крешник Бектеши не открива дали во Владата се размислува да се воведе дополнителна одлука со која ќе се стопира значителното зголемување на платите на функционерите, согласно одлуката на Уставниот суд и тоа во време кога постојано се говори дека треба да се штити стандардот на граѓаните.

Јас сум еден од членовите и не можам да зборувам во име на Владата за ова прашање. Тоа е одлука на Уставниот суд, а никаква одлука не е донесена од страна на Владата. Во неа не се опфатени само членовите на Владата, во овој случај министрите и заменик министрите, туку сите именувани лица во државата. Ќе поддржам секаква одлука која ќе ја донесе Владата“, рече Бектеши.

Тој рече дека оние политичари што се пофалија дека ако им се зголемат платите ќе ги даруваат во хуманитарни цели тоа не треба да го прават јавно.

Гледам во јавноста излегуваат политичари за да се покажат како хумани, солидарни, ќе донираат процент од платата или она што е зголемување. Тој што сака да донира не треба да го направи тоа јавно, секој може да поддржи одредени категории граѓани. Да не користиме вакви моменти да се покажеме хумани за да добиеме политички поени. Да почекаме Владата да донесе одлука која ќе биде колективна, додаде Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.